Анкета
Обланда со "Таан алва"-КРИСТАЛ
Опис
Обланда со "Таан алва"-КРИСТАЛ
Состојки
| 200 | g | Велешка "Таан алва"-КРИСТАЛ |
| 125 | g | Маргарин-КРИСТАЛ коцка |
| 250 | ml | Млеко |
| 200 | g | Шеќер |
| 100 | g | мелени ореви |
| 300 | g | Мелени бисквити |
| 2 | T | Какао |
Инструкции
На тивок оган во млекото се додаваат маргаринот-КРИСТАЛ, шеќерот и какаото. Се меша додека се растопи. Потоа се додава ситно издробена таан алвата-КРИСТАЛ, мелените ореви и бисквитите. Со така добиената смеса додека е топла се премачкува една обланда. Врз обландата се реди друга, исто така се премачкува со филот и постапката се повторува се додека не се потрошат обландите. Врз обландите се ставе тавче за да се залепат со филот. Се оставаат да отстојат и потоа се сечат на парчиња.
Доколку сакате овој рецепт да го направите за време на пости, млекото заменете го со соја млеко и ќе добиете вкусен посен десерт.