Анкета
За нас
Развојниот пат на Прехрамбената индустрија “БЛАГОЈ ЃОРЕВ” АД од Велес започнува во 1923г. Како фабрика за масло работи до 1999 година кога е трансформирана во Прехрамбена индустрија поради широкиот асортиман на прехрамбени производи во сопствено производство.
ПИ “БЛАГОЈ ЃОРЕВ” АД од Велес е акционерско друштво.
Сакајќи да го задржиме своето високо место на пазарот и довербата на потрошувачите која се пренесува од генерација на генерација, ПИ “БЛАГОЈ ЃОРЕВ” продолжува да чекори во фабрика за производство на здрава и квалитетна храна.
Наша предност во однос на другите производители на рафинирано сончогледово масло во Македонија е тоа што само ние произведуваме масло од семе од македонските сончогледови полиња до финален производ, односно произведуваме од сурово сончогледово масло па, се до готово амбалажирано рафинирано сончогледово масло за јадење КРИСТАЛ.
Награди и признанија
ПИ “Благој Ѓорев” АД Велес, учествуваше и учествува на голем број саеми и манифестации на кои е добитник на бројни признанија и плакети за квалитетот на маслото за јадење “Кристал”. Добитник е и на многу златни медали и “ГРАНД ПРИ” за квалитетни прехрамбени продукти. [повеќе...]
Визија
Прехрамбената индустрија “БЛАГОЈ ЃОРЕВ” АД Велес, се стреми да прерасне во прехрамбен капацитет кој ќе биде водечки во регионот, ориентиран кон задоволување на потребите и барањата на потрошувачите со квалитетни производи, не само на домашниот пазар туку и пошироко на Европскиот или на другите континенти и обезбедување навремена и брза испорака на стоките до сите потрошувачи.