Анкета
Политика за квалитет и производство на безбедна храна


Трајна определба на менаџментот на П.И. "Благој Ѓорев" АД Велес е доследно спроведување на политиката за квалитет и производство на безбедна храна, која е основа за воспоставување и остварување на дефинираните цели, чии основни принципи се:
-
Почитувањата на барањата и задоволството на нашите корисници преку производство на безбедни и квалитетни производи на кои заштитниот знак е симбол
на висок квалитет - Само квалитетен и безбеден производ да биде достапен до нашиот купувач, со што ќе се зголемува и подобрува имиџот на фирмата
- Проактивна маркетинг ориентираност која ќе овозможи зачувување на постоечките и освојување на нови пазари, што ја преставува визијата и мисијата на организацијата
- Освојување на нови партнерства врз основа на заедничка стратегија и доверба со посебен акцент на одгледувачите на маслодајни семиња како наши најголеми добавувачи
- Почитувањето на знаењето, искуството, компетентноста на вработените како и нивна континуирана обука, ќе придонесе за нивно активно вклучување во исполнување на барањата за квалитет издравствено исправен производ во развојот на фирмата
- Работејќи според актуелните законски регулативи,имплементирајќи го HACCP системот и применувајќи Добра производна пракса, управувајќисо процесите на начин кој ќе овозможи исполнување на сите поставени цели со минимални ресурси,ќе постигнеме заштита на животната средина и постојано задоволување на потребите и очекувањата на сите заинтересирани страни
Политика за заштита на животната средина
Трајна определба на менаџментот на ПИ "Благој Ѓорев" АД Велес е доследно спроведување на политиката за заштита на животната средина која ја постигнува водејќи се по пропишани Процедури и мерки кои го спречуваат загадувањето на животната средина со цел зачувување на биолошката рамнотежа. Еколошката заштита представува трајна обврска на сите членови од ПИ "Благој Ѓорев" Велес, а начелата по кои се раководат се следните:
- Идентификувањена сите аспекти на животната средина, контрола и следење на значајните аспекти.
- Остварување на производството и другите активностиво согласност со адекватните закони, прописи и други барања кои се поврзани со заштита на животната средина.
- Дефинирање и спроведување на интерни правила кои не се предвидени со законските прописи, поради унапредување на системите за упавување на системите за упавување со животната средина.
- Обука и подигнување на свеста на вработените за превентивно делување и постојано подобрување на заштитата на животната средина.
- Испорачателите како партнери ги избираме со оценување на нивната способност да ги исполнуваат нашите барања во однос на квалитетот и животната средина а истовремено им помагаме за подобрување на нивните перфоманси.
- Заштеда на ресурсите и енергијата, намалување на употребата на штетните материи и количните на штетен отпад, како и правилен третман на отпадот
- Разгледувања на мислењата и сугестиите на сите заинтересирани страни и превземање на сите адекватни мерки поради унапредување на заштитата на животната средина.
- Информирањље на нашите партнери на коминтентите и другите заинтересирани страни за нашето залагање за заштита на животната средина.