Анкета
Масла за јадење
Сончогледово масло за јадење Кристал
Произведено е со врвна технологија на рафинирање на сурово масло добиено од висококвалитетно сончогледово семе од македонските полиња.
Масло со префинет вкус, препознатлив изглед и мирис.
Масло со одлична стабилност и зачуван квалитет за кој многу пати е наградуван со многу признанија, златни медали и пехари.
Гаранција за врвниот квалитет на маслата е токму името на производителот.
Пакување:
- ПЕТ шише од 1 Л во збирно пакување во полиетиленска фолија од 12 Л
- ПЕТ шише од 3 Л во збирно пакување во полиетиленска фолија од 18 Л (3х6)
- ПЕТ шише од 5 Л во збирно пакување во полиетиленска фолија од 20 Л (4х5)
- ПЕТ шише од 10 Л
Ладно цедено сончогледово масло
Ладно цеденото сончогледово масло е нерафинирано масло добиено со технолошка постапка без хемиски и термички третман од висококвалитетно сончогледово семе од македонските сончеви полиња. Токму заради тоа маслото ја има сочувано својата биолошка вредност преку задржаните природни состојки, лецитин, каротин, витамин А, Д, Е и антиоксиданси. Се употребува како здрава храна, посебно во салати и во јадења кои се готват без долго термичко третирање.
Ладно цеденото сончогледово масло завзема значајно место во макробиотската исхрана.
Пакување:
ПЕТ-шише од 1Л, збирно пакување во картонска кутија од 20 Л (20 шишиња).
Деликатесно масло од сусам
Деликатесното сусамово масло за јадење е добиено со посебна технолошка постапка без термички и хемиски третман на сусамовото семе, со што во потполност е сочувана биолошката вредност. Се користи при припремање на разни салати и деликатесни јадења. Поради високата биолошка вредност (лецитин, каротин и витамин А, Д, Е), сусамовото масло се користи и како природен лек со илјадници години.
Пакување:
ПЕТ-шише амбалажа од 0.5 Л во збирно пакување во алуфолија од 6 Л (12 броја)

