Анкета
Маргарини
Маргарин "Кристал"
Првокласен маргарин во коцка произведен од висококвалитетни растителни масти и масла.
Маргаринот има долгогодишна традиција на широка примена, има неограничени можности во употреба за припремање на солени и благи кулинарски специјалитети во домаќинството.
Најпознат маргарин кај нас (во Македонија) со висок стандарден квалитет.
Пакување:
- Во алуфолија со тежина од 250г во збирно пакување во картонска кутија со нето тежина од 6кг
Оригинал маргарин "Софт"
Произведен од висококвалитетно сончогледово масло “КРИСТАЛ” и растителни масти во сооднос кој на овој производ му дава ниска точка на топење и поволна структура што овозможува совршена мазивост. Затоа овој маргарин се користи како премаз на леб и пецива.
Маргаринот е со свеж изглед и пријатен мирис.
Пакување:
- Пластична чаша со тежина 240г во збирна картонска кутија со нето тежина од 4.32кг
- Пластична чаша со тежина 480г во збирна картонска кутија со нето тежина од 5.76 кг
Софт маргарин "Диет"
Нискокалоричен крем маргарин произведен од рафинирано сончогледово масло, растителни масти и вода. Овој производ е витаминизиран, има ниска точка на топење и поволна структура па затоа е лесно мазив.
Се препорачува за диетална исхрана.
Пакување:
- Пластични чаши од 240г во збирна картонска кутија од 4.32 кг
- Пластична чаши со тежина 480г во збирна картонска кутија со нето тежина од 5.76 кг









