Анкета
Кондиторски производи
Таан
Таанот е густа кашеста маса, добиена со печење и мелење на печениот сусам. Се декларира како здрава храна, подготвен со мед, ораси и други додатоци.
Пакување:
- Стаклена тегла од 370г во збирно пакување од 12 броја
- Стаклена тегла од 550г во збирно пакување од 6 броја
- Стаклена тегла од 670г во збирно пакување од 6 броја
- Рефус: Пластично буре од 60кг
Таан алва
Надалеку позната како “ВЕЛЕШКА” таан алва. Се добива од висококвалитетен таан (преработено сусамово семе) и шеќерно гликозен сируп со додаток на површинско активни материи (чуенов екстракт).
Долгогодишната традиција и постојаниот квалитет добиени се со работење по упатствата на најстарите мајстори од кондиторскиот занает.
Додатокот на какао во алвата ја прави така добиената чоколадирана алва различна од основната бела алва.
Пакување:
- Пластични чаши од 50г во збирно пакување од 4.2кг
- Пластични чаши од 100г во збирно пакување од 4кг
- Пластични чаши од 250г во збирно пакување од 8кг
- Пластични чаши од 450г во збирно пакување од 10.8кг
- Пластични чаши од 850г во збирно пакување од 8.5кг
- Пластични кофи од 4кг во збирно пакување од 8кг
- Пластични кофи од 10кг
- Ролована таан алва со сусам во полиетиленска фолија од 5кг во збирно пакување во картонски кутии од 10кг
Локум
Ориентален сладок производ, добиен по производна спецификација од шеќер и скробен сируп со одредени додатоци.Обичниот локум е со мирис на ружа, а како локум со додатоци се јавува локум со ореви, локум со кокос и овошен локум
Пакуван во различна амбалажа погоден е за разни пригоди.
Најсладок е како десерт после испиеното кафе.Вештите жени локумот го користат во припремањето на суви колачи, украсување на торти и во фил за обланди.
Сите видови локум се пакуваат во следново:
Пакување:
- Во пакување од 100г во збирна картонска кутија од 6кг;
- Во пакување од 200г во збирна картонска кутија од 8кг;
- Во пакување од 500г во збирна картонска кутија од 10кг;
- Рефусно пакување во картонска кутија со тежина 3кг.
Желе бонбони
Вкусни желирани бомбони добиени од шеќер, гликозен сируп и средства за желирање.Бомбони без додаток со четири различни ароми и бои на: ментол, оранж, лимон и малина.
Широко применливи за конзумирање и примена во припремањето на разни видови суви колачи и торти.
Пакување:
- Во пакување од 200г во збирна картонска кутија од 8кг
- Рефусно пакување во картонска кутија со тежина 3кг











